Претставници од УТМС предводени од деканот на Економскиот факултет, проф. д-р Сашо Кожухаров, присуствуваа на 35-тата сесија на Клубот на истражувачите која се одржа во Народна банка. Сесијата со поздравно обраќање ја отвори вицегувернерката г-ѓа Ана Митреска, по што беше презентиран истражувачкиот труд „Детерминанти на ликвидноста и нејзината поврзаност со профитабилноста: Случајот на македонскиот банкарски сектор“ од проф. д-р Ѓорѓи Гоцков и Горан Христовски од Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На сесијата студентите од Униврезитетот за туризам и менаџмент имаа можност да се стекнат со академски и практични знаења за состојбите во банкарскиот сектор и активно да се вклучат во дискусијата за актуелни состојби поврзани со актуелната економска состојба во државата.
https://ekonomskifakultet.utms.edu.mk/vesti/726-pretstavnici-od-utms-uchestvuvaa-na-35-ta-sesija-na-klubot-na-istrazhuvachite#sigProId623a2562a3