Профил на УТМС

    Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, Република Македонија е унверзитет кој нуди современо образование и постојано го развива и прилагодува процесот на прибирање на знаење во чекор со модерните образовни трендови. Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, своите корени ги влече од 2006 година, кога беше основан Факултетот за туризам во Скопје. Активностите на Факултетот за туризам легално запчнаа на 19.06.2006 година, кога беше акредитиран од Одбор за акредитација на високото образование. на Република Македонија. Во годините што следеа, Факултетот за туризам прерасна во Универзитет за туризам и менаџмент со добивање акредитација на 13.05.2008 година. Во рамки на Универзитетот за туризам и менџмент беа акредитирани 6 нови факултети: Факултет за претприемачки бизнис, Факултет за менаџмент на човечки ресурси, Факултет за меѓународен маркетинг менаџмент, Факултет за односи со јавноста, Економски факултет и Факултет за спортски туризам., кои се приклучија на претходно основаниот Факултет за туризам, со цел да се са задоволат потребите на современото образование во Македонија и регионот. Студиските програми на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје се јасно креирани и усогласени со европските стандарди на 3 + 2 модулот на студии.


    Во моментов, постојат пет факултети на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје:

    1. Факултет за туризам,
    2. Економски факултет,
    3. Факултет за претприемачки бизнис,
    4. Факултет за менеџмент на човечки ресурси,
    5. Факултет за меѓународен маркетинг менаџмент.

    Како еден од неколкуте приватни универзитети во Република Македонија, Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје направи напори за свое диференцирање. Целта не е да се креира конкуренција со другите универзитети, туку да спречи студентот да се чувствува изгубен во масата, заради што филозофијата позади универзитетот е индивидуален наставен пристап.

    Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје е акредитиран од Одборот за акредитација и евалуација на високото образование на Република Македонија и поседува Решение за почеток со работа од Министреството за образование на Република Македонија и функционира како високообразовна институција.

    Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје е придружна членка на UNWTO и е во процес на TEDQual акредитација.

    Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје со својата методологија на работа (која е речиси идентична со работата на светските универзитети), примарно низ наставата и примена на практичната работа, постојано потикнува креативна активност на студентите, истражувачки дух и секако потреба од освојување на нови знаења и вештини.

    Нашите дипломирани студенти со својата професионална квалификација од една страна и универзитетските истражувачки резултати во бројни национални и интернационални проекти, организирањето на симпозиуми, работилници, конференции и академски настани од друга страна, значајно придонесуваат кон универзитетската мисија да креира, примени и одржи највисок квалиетет во високото образование.

     

    ПОВРЗЕТЕ СЕ СО НАС

    Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

    • dummy contact@utms.edu.mk

    Фондација и стипендии

    Галерија

    © Copyright UTMS 2018.

    Пребарај